Dejan Maksimoviç
07 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
ТОРИНО (АА) - Фудбалскиот клуб „Манчестер Јунајтед“ вечерва во дуелот од Лигата на шампионите против Јувентус ќе игра без првиот напаѓач Ромелу Лукаку“, потврди Жозе Мурињо по пристигнувањето во Торино, пренесува Anadolu Agency (AA).
Она што дополнително го загрижува португалскиот експерт е фактот што е доведено во прашање и учеството на белгискиот репрезентативец на неделното градско дерби против Манчестер сити, лидерот во Премиер лигата.
„Лукаку е повреден. Против Јувентус нема да игра, а за в недела ќе видиме. Потребни му се овие неколку дена. Тоа се случи на тренингот. Не знаеме точно што е, мускулот, тетивата. Мора да почекаме“, рече Мурињо, пренесуваат британските медиуми.
Лукаку оваа сезона постигна само четири гола во 14 натпревари. Последен пат како стрелец беше запишан на 15 септември во победата со 2 : 1 против Ватфорд.
Добра вест за Мурињо е дека во тимот се враќа капитенот Антонио Валенсија, кој еден месец беше надвор од теренот.
Пред одигрувањето на натпреварите од четвртото коло на групата „Х“, Јувентус е лидер со девет бодови. Следуваат Манчестер Јунајтед со четири, Валенсија со два и Јанг Бојс со еден бод. Вечерниот дуел меѓу „старата дама“ и „црвените ѓаволи“ ќе се започне во 21:00 часот.