Yunus Kaymaz
07 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа се одиграа 8 натпревари од четвртото коло во групите А, Б, Ц и Д во европското најпрестижно клупско натпреварување во фудбал, Лигата на шампионите, пишува Anadolu Agency (AA).
Во групата Д, Галатасарај гостуваше кај германскиот претставник Шалке 04, каде што загуби со резултат од 2 : 0. Во вториот натпревар од оваа група, Порто како домаќин ја победи екипата на Локомотив од Москва со 4 : 1.
Во групата Ц, француската екипа Париз Сен Жермен (ПСЖ) на гости кај италијанскиот претставник Наполи одигра нерешено 1 : 1. ПСЖ поведе со голот на Хуан Бернат постигнат во 45 + 2 минута. Израмнувачкиот погодок за Наполи го постигна Инсиње во 63. минута од натпреварот.
Во групата Б, шпанскиот претставник Барселона гостуваше кај италијански Интер. Барселона поведе со голот на Малком во 83. минута. Домаќинот во 4. минута израмни со голот на Икарди. Натпреварот заврши со нерешен резултат 1 : 1.
Во групата А, шпанскиот Атлетико Мадрид со головите на Саул Нигуез во 33. минута и со голот на Антони Гризман во 80. минута ја победи Борусија Дортмунд со резултат од 2 : 0.
Резултати од натпреварите од четвртото коло на Лигата на шампиони:
Група А:
Монако (Франција) - Клуб Бриж (Белгија) 0 : 4
Атлетико Мадрид (Шпанија) - Борусија Дортмунд (Германија) 2 : 0
Група Б:
Интер (Италија) - Барселона (Шпанија) 1 : 1
Тотенхем (Англија) - ПСВ (Холандија) 2 : 1
Група Ц:
Црвена ѕвезда (Србија) - Ливерпул (Обединето Кралство) 2 : 0
Наполи (Италија) - Париз Сен Жермен (Франција) 1 : 1
Група Д:
Шалке 04 (Германија) - Галатасарај 2 : 0
Порто (Португалија) - Локомотив Москва (Русија) 4 : 1