Doga Kirmizioglu
07 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Виетнам ќе биде домаќин на Светското првенство во Формула 1 во 2020 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Формула 1, пистата која се гради во виетнамскиот главен град, Ханој, ќе биде додадена во календарот на Формула 1, почнувајќи од април 2020 година.
Според долгорочниот договор постигнат меѓу управата на Формула 1 и компанијата „Вингруп“ (Vingroup) со седиште во Виетнам, Виетнам за прв пат ќе биде домаќин на Формула 1 со пистата во центарот на градот со должина од 5,565 километри.
По Сингапур, Кина и Јапонија, Виетнам на овој начин ќе стане четвртата земја во Азија во која ќе биде организирана Формула 1.