Murat Karadağ
15 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
ХАНОЈ (АА) - Во Виетнам, кој во моментов се наоѓа под влијание на тропска бура, во поплавите што настанаа поради поројните дождови животот го загубија 5 лица, а 10-мина се водат за исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата на Националниот комитет за управување и контрола со елементарни непогоди се вели дека поради бурата и поројните дождови коишто создале поплави, 1.700 куќи од крајбрежниот град Да Нанг се под вода.
Во изјавата се наведува дека 5 лица го загубиле животот, а 10-мина се водат за исчезнати. Спасувачките екипи продолжуват со потрагата по исчезнатите лица.
Националниот комитет за управување и контрола со елементарни непогоди предупредува дека треба особено да се внимава во планинските предели, каде што поплавата може да создаде свлечишта.
Секоја година, од бура и поплави, стотици луѓе ги губат своите животи во Виетнам.