Ekipa
23 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
ХАНОJ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим за време на посетата на Виетнам изјави дека обемот на трговијата меѓу дветe земји до 2020 година можe да сe зголеми на четири милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим одржа конференција за печатот заедно со виетнамскиот колега Нгуен Суан Фук, на којашто изјави дека следната година ќе биде одбележана 40-годишнина од билатералните односи на двете земји.
Тој е прв премиер на Турција што го посетува Виетнам.
„Бројот на жителите на двете земји е приближно еднаков, процентот на раст е висок. Можеме лесно да дојдеме до четири милијарди долари во обемот на трговијата до 2020 година, голем е потенцијалот“, изјави Јилдирим, кој додаде дека оваа посета ќе биде почеток на еден нов период во билатералните односи.
„Со премиерот имавме многу продуктивни состаноци. Разговаравме на теми од комуникациите, образованието, поморството, трговијата, до одбраната и можностите за соработка на сите полиња“, изјави Јилдирим.
Нгуен изјави дека со посетата на Јилдирим е отворена нова страница во билатералните односи.
Според неговите зборови, потребно е да им се даде поддршка на претприемачите од двете земји.
Тој додаде дека со Јилдирим делат исто мислење оти проблемите во Јужното и Источнокинеското Море, но и други меѓународни прашања треба да се решат со дијалог.
„Верувам дека деловните и инвестициски односи меѓу Виетнам и Турција дополнително ќе се развијат“, изјави Нгуен.
Потпишани се три договори меѓу двете земји, и тоа во секторот економија, царина и стандарди.