Ekip
23 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
ХАЛАПА (АА) - Мексикански новинар вчера беше убиен во државата Веракруз, во североисточниот дел на земјата, на брегот на Мексиканскиот Залив, што е барем деветти случај на убиство на новинар од почетокот на годината, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната комисија за заштита на новинарите го осуди убиството на новинарот Кандид Риос Васкес, кој, наводно бил застрелан заедно со двајца други мажи.
Риос работел како дописник на весникот „Diario de Acayucan“ (Дневник на Акајукан).
Групата истакнува дека Риос бил регистриран во системот на Сојузната влада за заштита на новинарите и работниците за човекови права. Весникот за кој работел известува дека новинарот во последно време добивал закани.
Веракруз е една од најопасните мексикански држави за новинарите во последниве години.