Mehmet Özay
07 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку 15 лица загинаа во поплавите предизвикани од бурните врнежни во централните делови на Виетнам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Виетнамската новинска агенција јавува дека обилните врнежи во покраината Фу Јен се предизвикани од излевање на реката од коритото, при што водените порои поплавиле десетици населби.
Според првичните проценки, под вода останале речиси 50.000 станбени и деловни објекти во централните делови на Виетнам.
Досега е потврдено дека во поплавите животот го изгубиле 15 лица, а спасувачките екипи трагаат по уште шест лица кои се водат како исчезнати.
Земајќи ги предвид и стотиците хектари засеана површина што се поплавени и илјадниците удавени животни, материјалната штета предизвикана со бурното невреме во Виетнам е поголема од милион долари.