Alma Çekovic
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА) - Во поплавите предизвикани од обилните дождови во последните неколку дена во германските покраини загинаа 11 лица, седум во Баварија, а четири во Баден-Виртемберг, јавува Anadolu Agency(AA).
Во истовреме, над 42 лица беа повредени, од кои осум сериозно, во петокот при удар на молња на рок концерт во Западна Германија.
Германија е веќе неколку дена изложена на обилни врнежи од дожд, што доведе до поплави во неколку области ширум земјата. Во баварскиот град Симбах ам Ин, поплавите ги однесоа сите залихи на пиланите, оставајќи еден куп расцепкани дрва низ улиците на девастраниот град.
Спасувачките екипи во Симбах пронајдоа три тела на лица кои биле заробени во куќа.
„Буицата беше толку брза што практично луѓето немаа време да побегнат”, изјави портпаролот на полицијата Армин Англохер, додавајќи дека уште неколку лица се водат за исчезнати.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави на прес-конференција дека „жали за луѓето кои ги загубија своите животи во поплавите”, и истакна дека е заедно со семејствата погодени од најголемите поплави во последните 100 години.