Ekipa
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 17 лица загинаа, а 35 се повредени во сообраќајна несреќа во западниот дел на Индија, соопшти индиската полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Автобусот удри во автомобилите, кои биле паркирани во стоечката лента на автопатот Нави Мумбаи, 30 километри источно од Бомбај, за да сменат гума, по што од силниот удар сите три возила паднале во бездна.
Селаните и полицијата се спуштиле во бездната за да ги спасат повредените и да ги однесат до најблиската болница.
Полициските податоци покажуваат дека во Индија има највисока стапка на смртност во сообраќајните незгоди. Во таа земја над 110.000 луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи како резултат на брзото возење и лошото одржување на возилата и патиштата.