Suhayb Abdullah Hocalar
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) – На југот на Индија, за време на фестивал кој се одржувал во државата Керала, се случи експлозија во која животот го загубија 100 лица , јавува Anadolu Agency (AA).
Според јавувањето на индискиот печат, експлозијата во доцните вечерни часови се случила како последица на искри од запалливи средства за огномет од кои се потпалите и останатите. При експлозијата загинале најмалку 100, а повредени се 350 лица.
Министерот за внатрешни работи, Раџнат Синг, на средбата со премиерот на Керала, Омен Чанди, се информирал во врска со несреќата. Изразувајќи сочувство до семејствата на починатите, Синг истакнал дека централната власт е подготвена за помош од секаков вид.
Во вестите се вели дека во хинду храмот биле складирани средства за огномет по повод прославата на Индиската нова година Вишу, но тоа не било легално.
Било кажано дека ќе бидат земени изјави од раководството на храмот и организаторите на огнометот.
Огнометот и петардите многу често се користат на фестивалите во Индија.