Suhayb Abdullah Hocalar
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 27 лица загинаа во сообраќајна несреќа која што се случи доцна синоќа во западниот дел на Индија кога во провалија падна автобус кој превезувал уметници, учесници во оперска претстава, јавуава Anadolu Agency (AA).
Индиски официјани лица соопштија дека несреќата се случила на патен правец во непосредна близина на градот Деогарх во покраината Одиша.
Полицискиот комесар Р.К.Малик изјави дека во автобусот имало 40 уметници, од кои 27 загинале на местото на несреќата а 13 лица со телесни повреди префрлени се во болница.
Меѓу загинатите има најмалку еден малолетник.
Се стравува дека билансот на смртно настраданите може да порасне бидејќи меѓу 13-те повредени 11-мина се во животна опасност.
Истрагата за причините на несреќата е во тек, а прелиминарните резултати укажуваат на грешка на возачот, кој наводно со голема брзина влегол во свиок и изгубил контрола над возилото.
Лошата патна инфраструктура, конфигурацијата на теренот, старите и неисправни возила се најчестите причини за бројните сообраќајни несреќи во кои во Индија годишно загинуваат околу 200.000 лица.