Sümeyye Dilara Dinçer
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
ЊУ ДЕЛХИ
Во Индија, една од земјите во светот кои се најмногу погодени од пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), со 386.452 новозаразени, е забележан нов рекорден број на дневно ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Индија, во последните 24 часа регистрирани се 386.452 нови случаи на заразување со коронавирусот, додека од последиците починаа 3.498 лица.
Вкупниот број на заразени со коронавирусот со тоа е зголемен на 18.762.976, а бројот на починатите достигна 208.330.
Индија од 22 април бележи над 300.000 случаи дневно на Ковид-19. Најмногу се регистрирани на подрачјето на Махараштра, Утар Прадеш, Карнатака, Керала и Делхи.
Експертите предупредуваат дека здравствениот систем е пред колапс поради недостаток на кислород, кревети и лекови.
Во земјата со околу 1,4 милијарди жители, во тек е масовната вакцинација. Во Индија до сега се дадени повеќе од 150 милиони дози на вакцина против Ковид-19.
Поради се поголемиот број на починати од последиците на Ковид-19, крематориумите во Индија се полни со тела на починатите, а надлежните предупредуваат дека има се помалку места.