Muhammed Emin Canik
30 април 2021•Ажурирај: 30 април 2021
БУЕНОС АИРЕС
Од почетокот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега, во Бразил животот го загубија над 400.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа регистрирани се 3.001 смртен случај предизвикани од заразувањето со новиот тип коронавирус, вкупно 401.186 од почетокот на епидемијата во оваа земја. Во истиот период детектирани се 69.389 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупната бројка на лица заразени со Ковид-19 се зголеми на 14.590.678.
Само во периодот од 25 март досега, поради заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 100.501 лице.
Бројот на лица што оздравеа од Ковид-19 изнесува 13.152.118.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил со популација од 210 милиони жители е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот.
Оваа земја минува тешки моменти бидејќи во последните недели исполнети се капацитетите на одделенијата за интензивна нега, а забележано е и ширење на варијантата П1 која се пренесува поинтензивно. Се смета дека оваа варијанта на коронавирусот се појавила во бразилската сојузна држава Амазон.