Bakir Tiro
03 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Олимпискиот оган денес ќе пристигне во Бразилија, главниот град на Бразил, од каде во наредните три месеци ќе биде носен ширум оваа јужно-американска држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Огнот денес ќе ѝ биде предаден на Дилма Русеф, претседателката на Бразил, против која долниот дом на бразилскиот парламент одобри процедура на отповикување од должноста, бидејќи е обвинета за манипулирање со владини сметки поради прикривање дефицит.
До почетокот на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, олимпискиот пламен ќе биде пренесуван во кануа, на коњи и во хеликоптер. Ќе бидат изведувани и одредени домородечки ритуали. Олимпискиот оган низ Бразил ќе го носат над 12.000 луѓе.
Свечената церемонија на отворање на Игрите ќе биде одржана на 5-ти август на стадионот „Маракана” во Рио.