Doga Kirmizioglu
28 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека Олимпијадата 2016 која треба да се одржи во Рио де Жанеиро нема да и биде одземена на Бразил или одложена поради стравувањето од вирусот Зика, јавува Anadolu Agency (AA).
150 истакнати светски доктори и експерти во своите одговори на отвореното писмо од страна на WHO препорачаа префрлање на олимпијадата во друга земја или нејзино одложување.
Во соопштението на СЗО се вели дека олимпијадата нема да биде префрлена или одложена од страв дека Олимпијадата во Рио би имала „големо влијание“ во стапката на распространување на вирусот Зика низ светот.
WHO потсетувајќи дека јавното здравство има приоритети во категориите на здравствени проблеми кои влијаат на глобалната природа, соопшти: „Бразил е една од 60-те земји во кои постои вирусот Зика кој се пренесува преку комарци. Во овие земји и региони од различни причини продолжуваат патувањата. Единствен начина на намалување на веројатноста од зараза со вирусот Зика е препораката да не се патува во тие земји.“
Меѓународниот олимписки комитет изјави дека вирусот не е причина за одлагање или префрлање на Олимпијадата во друга земја.
150 доктори и експерти од различни универзитети, како што се Окџфорд, Харвард и Јејл, во своите писма кои ги пратија до Светската здравствена оргазиација, поради новите наоди поврзани со вирусот Зика, препорачуваат Олимпијадата да биде одложена или префрлена во друга држава.
Во писмото се наведува дека на Олимпијадата во Бразил се очекува да пристигнат околу 500.000 странски туристи. Бразил е земја во која вирусот Зика е најчесто зебележан и затоа одржувањето на Олимпијадата во Рио „за јавното здравство“ е голема закана.
Вирусот Зика покрај каснување од комарец, може да се пренесе и при сексуален однос. Овој вирус за првпат е забележан меѓу мајмуните во 1947 година во планинскиот предел Зика во Уганда. Долг период вирусот не беше забележан, се до 2015 година кога се појави во Бразил. Температура, црвенило во очите, повраќање, осипи по телото, болки во главата, мускулите и зглобовите се дел од симптомите на вирусот Зика и засега нема соодветна терапија или вакцина за лекување на болеста.
Според последните информации на Светската здравствена организација, вирусот Зика во периодот од 2007 до 2016 година е забелеан во вкупно 40 земји, од кои во 33 е во размери на епидемија.