Elena Teslova
15 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
МОСКВА (АА) - Вирусот Зика беше дијагностициран кај една руска државјанка, што е прв случај на вирусот зика во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералната служба за заштита на правата на потрошувачите на Русија соопшти дека една жена била хоспитализирана откако и бил дијагностициран вирусот зика.
Во соопштението се вели дека пациентката е во карантин, но дека најверојатно е заразена за време на посетата на Доминиканската Република.
Поради превентива, надлежните тимови го дезинфицираа авионот со кој пациентката пристигна од Доминиканската Република.
Експертите велат дека во Русија не постои ризик од ширење на вирусот зика, бидејќи тоа е вирус кој вирее исклучиво во топла и влажна клима, што не е случај со Русија.