Hasan Özkal
15 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
АЛЕПО (АА) - Руската артилерија од бродовите од пристаништето Латакија со осум балистички проектили го нападна сирискиот пограничен град Азаз, северно од Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани локални извори за АА јавуваат дека утрово руски авиони со касетни бомби извршиле жестоки напади на неколку населени места, училиште и болница во Aзаз, а потоа следеле и балистички ракетни напади од правец на Латакија.
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во нападите врз училиште и болница во Aзаз. Меѓу жртвите поголем е бројот на деца и жени.
Еден руски балистички проектил падна на плантажа со маслинки, на еден километар западно од центарот на Aзаз. Проектилот не експлодирал поради техничка грешка, а е пронајден од страна на членовите на бунтовничката Ослободителна војска на Сирија.
Руските сили неодамна извршија слични напади врз Aзаз.