Halit Süleyman
14 Февруари 2016•Ажурирај: 15 Февруари 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку десет лица се убиени во денешниот воздушен напад на руските сили во подрачјето на Алепо кое е под контрола на умерената сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници на Цивилната заштита од Алепо за АА соопштија дека руските бомбардери денес се насочени кон населеното место Катранци и дека во нападите загинаа најмалку десет цивили.
Десетици згради и деловни објекти се уништени, а десетици цивили се повредени и пренесени во импровизирани болници. Спасувачките екипи на Цивилната заштита пребаруваа во урнатините, а руските воздушни сили продолжија со нападите на запад и север од Алепо.
Паралелно со ова, претставник од Медиа Центарот во Алепо, Mеџит Наџар, објави дека руски авиони денеска ја бомбардираат фронтната линија меѓу умерена сириската опозиција и милитантите на терористичката организација ПЈД во областа на Тел Рифат, во северното предградие на Алепо.