Birol Tan
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Повеќе стотици граѓани од Соединетите Американски Држави (САД) се собраа на протестите пред Белата куќа во Вашингтон и Њујрок, а цел на протестите е да се сврти вниманието на случувањата во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на протестите, кои ги организираше Група за солидарност со Сирија, собраните одадоа почест и упатија молитви за загинатите цивили во нападните на сирискиот град Алепо. Изразен е и протест поради невниманието на светот за злосторствата со кои се соочува Алепо. Во текот на протестите можеа да се слушнат и паролите против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Еден од учесниците на протестот, по потекло од Сирија, рече дека неговото семејство се наоѓа во Алепо, како и дека му е многу тешко да гледа што се случува таму.
„Се солидаризираме со Алепо, тој никогаш нема да падне", порача Сириецот.
Собраните по протестот пред Белата куќа тргнаа кон амбасадата на Русија во Вашингтон, после што протестот е завршен. Освен Вашингтон, протестот на поддршка за Сирија и Алепо одржан е пред централниот парк Тајм Сквер во Њујрок.
Голем број на граѓани на Њујрок одаде чест на загинатите цивили и изразија незадоволство поради бомбардирање на Алепо. Голем број граѓани се собраа синоќа на улиците на австрискиот главен град Виена и германскиот град Бремен во знак на поддршка на цивилите на сирискиот Алепо. Собраните на овој начин го искажаа своето незадоволство од нападите кои ги изведуваат силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговите сојузници врз цивилите на Алепо. Околу 4.000 луѓе се собраа во германскиот Бремен.
Тие носеа транспаренти: „Алепо гори, умира човештвото", „Спасете го Алепо", „Доста е, спречете го масакрот".
Голем број на граѓани се собраа пред зградата на парламентот во австрискиот главен град Виена. На рацете носеа свеќи за сите жртви од нападите во Алепо и носеа транспаренти: „Убиецот Путин", „Заштитете го Алепо", „Каде е човечноста", "Спасете ги децата во Алепо". Исто така насобраните граѓани со едно минутно молчење им одадоа почит на сите невини жртви од овој сириски град.