Cüneyt Karadağ
14 Февруари 2016•Ажурирај: 15 Февруари 2016
МИНХЕН (АА) - Американскиот републикански сенатор, Џон Меккејн, тврди дека Русија ја користи Сирија како подрачје за воени вежби, а рускиот претседател Владимир Путин сака Русија да биде доминантна сила на Блискиот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).
Меккејн во своето обраќање на Конференцијата за безбедност во Минхен, Германија, Путин го опиша како човек кој „колку повеќе јаде толку е погладен”.
„Путин воопшто не се труди да стане наш партнер. Тој само сака да го поддржува режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Тој гледа на Сирија, како на подрачје за руски воени вежби, сака од Сирија да направи воено претставништво, како што е случај со Калининград и Kримон”, рече Меккејн.
Истакнувајќи дека руските воздушни напади во Сирија ја влошија бегалската криза, Меккејн ја обвини официјална Москва дека се обидува бегалската криза да ја искористи како средство за блокирање на европските проекти и транс-атлантската соработка.
Споредувајќи ја сириската криза со онаа во Украина, сенаторот Меккејн тврди дека и во Украина хуманитарните прашања се користат како средство за притисок.