Halit Süleyman,Fatih Aktaş
09 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 40.000 сириски бегалци од градот Алепо принудени да ги напуштат своите домови поради честите бомбардирања на руските авиони, се изложени на студ поради недостаток на храна и вода чекаат во Азаз, недалеку од турската граница со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Многу од бегалците кои пристигнаа до Азаз во моментов се изложени на студ и престојуваат во напуштени возила и автобуси, чии стакла се искршени. Семејството Џума, се наоѓа во еден од тие автобуси, еден дел се користи за спиење а другиот како кујна.
Халил Џума (54), кој пристигна во Азаз заедно со бегалците, вели дека од Алепо избегале од бомбардирањето на руските авиони.
"Ние не се плашиме ниту од Асад, ниту од неговите војници. Авионите нè уништија. Проклет да е Асад", вели Џума, повторувајќи како од нивниот град ги избркале руските авиони.
Еден од бегалците од Алепо е и 82-годишниот Махмуд Зекур, кој рече дека поради руските воздушни напади ги напуштиле своите домови, додавајќи дека Русите бомбардираат области населени со сунити.
"Руските авиони нè натераа да избегаме. Бомбардираат само места каде што живеат сунитите", рече Зекур.