Ekipa
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
АМАН (АА) - Американската амбасадорка во Јордан, Алис Велс, изјави дека Вашингтон утре ќе ги исполни ветувањата на претседателот Барак Обама и ќе згрижи 10.000 сириски бегалци во САД оваа фискална година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Велс денес прими три сириски семејства пред нивното доаѓање во Сан Диего, Калифорнија и Шарлотсвил во Вирџинија. Предност им даде на жртвите на насилство, лицата со здравствени проблеми и децата.
Одредени активисти го критикуваа Вашингтон поради бавното прифаќање на луѓето кои бегаат од конфликтот. Програмата за населување на бегалците е исто така една од темите на тековната претседателска кампања во САД, при што Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на таа земја предупредуваше дека раселените Сиријци претставуваат потенцијална безбедносна закана.
Велс во врска со тие изјави рече дека „бегалците се најтемелно анализираната категорија на патници кои заминуваат за САД”.
Речиси пет милиони Сиријци свое засолниште најдоа во Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет, за да избегаат од војната која остави 13,5 милиони Сиријци без основни услови за живот.
Се проценува дека речиси половина милион Сиријци пребегале во Европа, од почетокот на 2015 година, особено во Германија,.