Ekipa
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
СЕУЛ (АА) - Властите на Северна Кореја одговорија на осудувањата кои ги упатија ОН по повод нејзините последни лансирања на балистички ракети, а ги обвинија САД и нивните „следбеници” дека му се закануваат на суверенитетот и опстанокот на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Јужнокорејската новинска агенција Јонхап, јавува дека Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги одбило сите наводи на ОН во врска со заканите претставени со последните тестирања на балистички ракети.
Во соопштението се наведува дека пробното лансирање на балистичкиот проектил од подморницата е стратешки важен дел од програмата за развој на нуклеарното оружје за самоодбрана, при што се негираат наводите на ОН дека таа програма им се заканува на мирот и стабилноста во регионот и во светот.
Северна Кореја порача дека ќе го продолжи процесот на јакнење на воената моќ наспроти предупредувањата на САД и Советот на безбедност на ОН по последното тестирање на балистичките проектили од страна на севернокорејската војска.
Во петокот, на иницијатива на делегацијата на САД, Советот на безбедност на ОН објави соопштение дека внмателно ќе ги следи активностите на Северна Кореја и ќе преземе додатни мерки во тој контекст.
Војскатата на изолираната Северна Кореја, на 24-ти август го изврши последното пробно лансирање на балистички проектил од подморница, а тестирањето е претставено како одговор на воената активност на САД и Јужна Кореја.
Проектилот леташе околу 500 километри и падна во водите под контрола на јапонските воздушни сили. Јапонија, Кина и Јужна Кореја остро го осудија тој потег на Северна Кореја и го оценија kako „крајно провокативен”.