Ali Cura
09 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
КИШИЊЕВ (АА) - Анти-владините протести во Молдавија сè уште се во тек, група демонстранти денеска влегоа во зградата на Врховниот судски совет, со цел да го спречат одржувањето на изборите за претседател на тоа тело, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржувачите на платформата на опозицијата "Достоинство и вистина" и партијата "Наша партија" остро се спротивставија на изборите бидејќи единствениот кандидат е обвинет за серија корупциски скандали и за поврзаност со првиот заменик-претседател на владеачката Демократска партија.
Лидерот на платформата, Андреј Настасе, побара од гласачите да организира транспарентни избори, кои ќе имаат повеќе од еден кандидат.
Избореното тело подоцна донесе одлука да ја одложи расправата за избор на единствениот кандидат како претседател на Врховниот судски совет.
Од Советот соопштија дека изборниот процес е транспарентен и дека Палелунги е единствениот кандидат кој се пријавил и кој ги исполнува условите за тоа.
Претставничката на платформата "Достоинство и вистина" Инга Григоријат, побара од граѓанското општество повторно да се собере пред седиштето на Врховниот судски совет со цели да се спречат изборите кога ќе ги најави изборното тело.
Анти-владините протести во Молдавија траат од 20-ти јануари, со барање премиерот Павел Филип да поднесе оставка и да се распишат предвремени парламентарни избори.