Emre Gürkan Abay
05 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
МОСКВА (АА) - Десетици лица се приведени за време на демонстрациите организирани ширум Русија против владата и против претседателот на Русија, Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници лица во повеќе различни градови во земјата одржаа демонстрации пред церемонијата која ќе се одржи на 7 мај за официјално започнување со функција на Владимир Путин кој повторно победи на изборите одржани во март во Русија.
Граѓаните кои излегоа на улица со апелот на Алексеј Навалниј, една од водечките опозициски фигури на Русија, а воедно и основач на Фондот за борба против корупција, извикуваа пароли против Путин и против руската влада.
Наваланиј беше приведен извесно време откако учествуваше во демонстрациите во Москва, додека настана судир меѓу демонстрантите и поддржувачите на Путин, каде полицијата интервенираше врз демонстрантите.
Полицијата приведе голем број лица велејќи дека демонстрациите се одржуваат на нелегален начин.