Ekip
05 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
МАДРИД (АА) - Шпанската полиција соопшти дека во јужниот дел на земјата уапси 14 лица осомничени за шверц на наркотични средства и запленила 3,7 тони хашиш, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во саботата објави дека запленила и три глисери, рибарски чамци и јахта за кои се сомничи дека биле користени од страна на криминални групи за шверц на дрога од Мароко преку Гибралтарскиот Проток до шпанскиот регион Кадиз.
Се додава дека меѓу уапсените се и двајца осомничени за водачи на бандата кои се клучни за воспоставувањето контакт со снабдувачите на дрога во Мароко.
Полициската операција започна во ноември 2016 година. Во февруари оваа година, полицијата уапси две лица, уште четири во март, а останатите осум подоцна.
Според Министерството за внатрешни работи, преку регионот Кадиз, кој е оддалечен 14 километри од Северна Африка, 40 отсто од дрогата влегува во Шпанија.