Mehmet Akif Turan
28 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
МАРАКЕШ (AA) - Во рамките на турнејата со цел поддршка на образование на женските деца во африканските земји во развој, сопругата на американскиот претседател Барак Обама, Мишел Обама, допатува во мароканскиот град Маракеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Сопругата на мароканскиот крал Мухмед VI кралицата Селма и гувернерот на Маракеш Ахмет Акшишан приредија севеч дочек на првата дама на САД Мишел Обама која во Мароко пристигна во придружба на ќерките Маила и Сача, како и актерките Мерли Стрип и Фрида Пинто.
Чест ми е да сум тука и со вас. Што и да се случи, желба ми е да останете во училиштата и да се образувате", истакна Обама во текот на дружењето со мароканските девојчиња.
Мишел Обама и вчера ја посети Либерија, а и таму како и во Мароко присуствуваше на програмата организирана со цел поддршка на образованието на девојчињата во тој дел од светот.
Првата дама на САД, Обама, би требало, утре од Мароко да отпатува во Шпанија.