Khalid Mejdoup,Hacer Başer
04 Февруари 2022•Ажурирај: 05 Февруари 2022
РАБАТ (АА) - На крајот од третиот ден се зголеми надежта за спасување на петгодишниот Рајан, кој падна во бунар длабок 32 метри во Мароко, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите за цивилна одбрана кои работат во подрачјето речиси три дена, се тркаат со времето за да го спасат малото момче кое чека да биде извлечено од бунарот веќе скоро 70 часа.
Неуспешно завршија напорите некој да се спушти во бунарот за да го извлече Рајан, кој од вторникот е заглавен во бунар во северниот град Шафшаван. Екипите во моментов го спроведуваат третиот план, кој е дефиниран како копање околу бунарот.
- Останаа уште 2 метри за да се стигне до детето -
Во вестите засновани на спасувачките тимови на веб-страницата на државниот Канал 1 во Мароко, беше објавено дека спасувачките тимови се на 2 метри од детето. Во веста се наведува дека паралелно со бунарот е извршен ископ од 30 метри, а потоа ќе се започне со хоризонталната фаза на ископ и ќе се пробие дупка од 3 метри за да се извлече детето.
- „Тие покажаа одличен пример за херојство“ -
Мароканскиот новинар Итимад Селам, преку објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, им честиташе на тимовите кои работат на спасувањето и им порача: „Особено возачите на булдожери, работат и дење и ноќе. Ги поздравувам овие возачи кои покажаа големо херојство од почетокот на спасувачките напори.“
На снимките направени од камерата која е спуштена во бунарот, се гледа дека детето е живо. Освен тоа, на детето му се дава кислород и вода за да може да преживее.