Mehmet Akif Turan
08 Јуни 2017•Ажурирај: 09 Јуни 2017
РАБАТ (АА) - Во Мароко се откриени остатоци од човечки костур стар 300.000 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за култура и комуникации на Мароко е соопштено дека археолошкиот тим предводен од мароканскиот научник Абдулвахид бин Насир и германскиот истражувач Жан-Жак Хублин, во близина на локацијата Џебел Ирхуд открил остатоци од скелет на хомо сапиенс.
Се претпоставува дека остатоците се стари околу 300.000 години, а направените тестови покажуваат дека станува збор за најстарите остатоци што досега се откриени.
Во соопштението се наведува дека најстарите претходно пронајдени остатоци датирале од пред околу 100.000 години.
Во ископувањата од 2014 година, во близина на Џебел Ирхуд се откриени човечки остатоци стари 16.000 години.