Ekipa
23 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Најновите објавени податоци на Обединетите нации (ОН) покажуваат дека бројот на возрасни лица, зависници од дрога во светот, за прв пат пораснал во последните шест години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Одделот за дрога и криминал на ОН (UNODC) во Светскиот извештај за дрога 2016 година наведува дека регистрирани се вкупно 29 милиони зависници од дрога ширум светот што е за два милиони повеќе отколку што беше во претходниот извештај.
Употребата на хероин „се зголеми брзо” во изминатите две години, наведува ОН истакнувајќи дека посебно е изразено во земјите на Европа и Северна Африка каде што има најмногу зависници.
Истражувањето покажува дека околу 14 отсто од 12 милиони луѓе кои се интравенски зависници имаат ХИВ (AIDS). Се додава дека околу 250 милиони возрасни лица ширум светот барем еднаш пробале дрога во 2014 година.
Кога станува збор за најчестите причини, ОН наведува дека тоа се сиромаштијата и бесперспективноста.
Извршниот директор на Одделот, Јури Федотов, апелираше до „меѓународната заедница да работи заедно на спроведување на мерките” со цел да се намали употребата на дрога во светот.