Dmitri Chirciu
20 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
АНКАРА (АА) - Во Кишинев, главниот град на Молдавија, се случи експлозија во еден маркет. Во експлозијата животот го загубија 2 лица, а 3 лица се ранети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во маркет во Кишинев дошло до расправија меѓу мушерија и вработен околу наплатата на производите. Притоа, на подот паднала рачна граната што на себе ја носел 49-годишниот муштерија, по што експлодирала.
Во експлозијата загинал вработениот во маркетот и муштеријата за кој се тврди дека бил криминалец. Екипите на брзата помош им пружиле помош на трите лица ранети во маркетот.
Полицијата започна истрага во врска со случајот, истражувајќи зошто муштеријата имал рачна граната на себе.