Muhammed Bilal Kenasari
20 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Во пукотница во средното училиште „Great Mills“ во градот Сент Мери, во американската сојузна држава Мериленд, ранети се двајца ученици, додека напаѓачот е убиен, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимоти К. Камерон, портпарол на полицијата во Сент Мери, изјави за новинарите дека полицијата се судрила со напаѓачот кој притоа е убиен.
Тој истакна дека напаѓачот исто така учел во средното училиште каде што се случила пукотницата.
Училиштето „Great Mills“ по нападот објави соопштение во кое се наведува дека во училиштето имало пукотница во која се ранети двајца нивни ученици.
Во училиштето, кое се наоѓа на околу 90 километри од Вашингтон, учат околу 1.600 ученици.
Овој инцидент се случи само еден месец откако 17 лица беа убиени во пукотница во училиште во Парленд, Флорида.