Muhammed Kenasari
17 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Потпаролот на владата на САД, Питер Кук, изјави дека САД по одредувањето да ѝ додели оружје на Либија, сѐ уште нема никакви инструкции во таа насока, но додаде дека се подготвени да го сторат тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпаролот Кук на прес конференцијата одговараше на прашања поврзани со изјавата на министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери, по средбата во Виена дека САД ќе ја поддржи либиската Влада.
„Подготвени чекаме да ја одиграме улогата која ни ја доделија. Но овој извештај е сѐ уште нов и колку што сум информиран, и досега немаме инструкции за делување во врска со оваа тема“.
Потпаролот Кук избегнуваше да даде подетални информации во врска со темата, истакнувајќи дека министерството за надворешни работи на САД нема дадено никакви информации и дека ја следет процедурата.
Потпаролот на Министерството за надворешни работи, Џон Кирби, на прес-конференцијата даде проценка поврзана со темата.
Кирби истакна дека одлуката за доделување оружје на Либија за борба против ДАЕШ е донесена денеска и додаде: „По процесот на чекање ќе ги видиме резултатите.“
Покрај тоа, Кирби, истакна дека Владата на национално помирување, составена од Генералниот национален конгрес со седиште во Триполи и Претставничкиот дом со седиште во Тобрук, за секое барање на оружје, пред да го додели истото, ќе треба да се осигура дека доделеното оружје нема да отиде во погрешни раце.
За прекин на политичката криза во Либија, во Виена, под раководство на САД и Италија се одржува состанок на министрите за надворешни работи. Состанокот заврши денеска а државниот секретар на САД, Џон Кери, министерот за надворешни работи na Италија, Паоло Џентилони и премиерот на Либија, Фајез ел Сараџ, на заедничка прес-конференција соопштија дека ќе го поддржат претседателскиот совет, ќе работат на отстранување на ембаргото и дека ќе ги обезбедат потребните средства во борбата против теророт на ДАЕШ.