Ömer Koparan
20 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
АФРИН (АА) - ОМЕР КОПАРАН -
Во Африн, каде што е обезбедена контрола од Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска (ССВ) во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, се откриени тунели направени со градежни машини од страна на терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Тунелите кои ги сними АА беа откриени за време на пребарувањата на ССВ на ридовите околу центарот на градот Африн.

Од местото каде што се наоѓаат тунелите лесно може да се види центарот на градот.
Влезовите на тунелите се толку широки што може да помине камион.
По влезот, тунелите стануваат потесни и имаат кружен облик. Во тунелите со дијаметар од 2 метри, лесно може да се движат повеќе лица истовремено.

Во првичните истражувања е откриено дека должината на тунелите изнесува 400 метри.
Во тунелите се пронајдени градежни машини со напредна технологија користени за копање од страна на терористите што избегаа од Африн.
Дивизијата Хамза и специјалните сили на Националната армија при ССВ кои ги открија тунелите, продолжуваат со пребарување на ридовите.

Сејф Ебубекир, командант на дивизијата Хамза, во изјава за АА истакна дека терористите со тунелите што ги отвориле за воени цели, имале за цел да ги поврзат венците на околните ридови, но избегале пред да го завршат копањето на тунелите.
Ебубекир рече дека тунелите ископани со цел да се заштитат припадниците на организацијата од воздушните напади, се доволно големи за складирање оружје и муниција.
Во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, претходно беа откриени голем број тунели и засолништа во северно од центарот на градот, во местата близу границата со Турција.