Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
05 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
ВАН
Терорист на ПКК/ЈПГ се предаде на безбедносните сили во близина на ирачката граница во југоисточна Турција, соопштија официјалните претставници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Гувернатот на Ван се вели века т.н. командант кој се придружил на терористичката организација во 2009 година и бил активен во Ирак до 2015 година, го спуштил оружјето во подрачјето Силопи на областа Ширнак.
Терористот исто така учествувал во активности на организацијата во период од 2015 до 2017 година во Иран и од 2017 до 2020 година во Сирија.
„Операциите за да се обезбеди регионален мир ќе продолжат“, се додава во соопштението.
Бројот на терористи кои се предадоа преку напорите за убедување во 2020 година се искачи на 194.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.