Muhammed Ali Toruntay
19 Март 2018•Ажурирај: 20 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК), во однос на воспоставувањето контрола над центарот на Африн во Сирија, порачаа дека посветуваат големо внимание на цивилите, невините луѓе и историските објекти, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Турските сили се крајно внимателни кога станува збор за цивилите, невините луѓе, животната средина, историските, религиозните и објектите од културата“, се наведува во соопштението на Турските вооружени сили (ТСК) објавено на официјалниот профил на Твитер.

Покрај соопштението објавени се и фотографии од Мосул, Алепо, Рака и од Источна Гута, градови кои претходно во голема мера се разурнати од страна на силите на сирискиот режим, терористичките организации и други групи.

Турските сили и Слободната сириска војска вчера воспоставија контрола во Африн во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, започната на 20-ти јануари со цел ослободување на Африн од терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ.