Halit Süleyman,Sinan Polat
10 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
АЛЕПО (АА) - Руските авиони минатата ноќ извршија напади врз центарот за цивилна заштита во Kефр Хамри, во северниот дел на Алепо. Повредени биле двајца вработени од центарот, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален претставник на Цивилната заштита Ахмед Хусеин изјави дека се извршени два напада врз центарот и дека центарот е целосно уништен.
Хусеин истакна дека членовите на цивилната заштита продолжуваат да ја вршат својата работа и покрај проблемите со кои се соочуваат.
Претходно, руските авиони го бомбардираа центарот на цивилна одбрана во Eтариб, исто така во Алепо, кој предизвика значителна материјална штета.