Enes Kaplan
19 Март 2018•Ажурирај: 20 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател Владимир Путин остварија телефонски разговор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на Кабинетот на турскиот претседател, Ердоган му честитал на Путин за неговиот реизбор за претседател на државата.
Освен тоа, двајцата лидери разговарале и за билатералните односи, како и за трилатералниот самит за Сирија што ќе се одржи во април, во Истанбул.
Ердоган и Путин, исто така, ја истакнале својата решеност за додатно зајакнување на соработката меѓу двете земји.