Gözde Bayar
26 Јануари 2024•Ажурирај: 26 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије очекува Меѓународниот суд на правдата (МСП) во својата претстојна пресуда да утврди дека израелските напади врз Газа претставуваат „геноцид“, јавува Анадолу.
„Верувам дека како резултат на нашето следење, ќе стигнат позитивни резултати од Судот на правдата и од Меѓународниот кривичен суд“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул по петочната молитва.
Првичната пресуда за случајот во кој се тврди дека нападите на Израел врз Газа ја прекршуваат Конвенцијата на ОН за геноцид треба да биде објавена денес во 13 часот по локално време од страна на светскиот суд во Хаг.
Јужноафриканската Република, која го започна случајот, побара од судот да донесе одлука за привремени мерки, вклучувајќи и тоа Израел веднаш да ги прекине своите воени операции во Газа, да преземе разумни мерки за да го спречи геноцидот врз Палестинците и да обезбеди дека раселените луѓе ќе се вратат во своите домови и ќе имаат пристап до хуманитарната помош.
Туркије со месеци ја притиска меѓународната заедница да направи повеќе за да ги прекине смртоносните напади на Израел врз Појасот Газа и да го врати протокот на храна, лекови и сите потребни залихи за 2 милиони жители на енклавата.
Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври. Во израелските напади загинаа 26.083 Палестинци, а повредени се 64.487. Се верува дека во нападот на Хамас се загинати речиси 1.200 Израелци.
Поради израелската војна 85 отсто од населението на Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека повеќе од половина од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според ОН.