Halit Süleyman
27 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
АЛЕПО (AA) - Авиони на сириската војска изведоа напади на подрачјето под контрола на опозицијата во Алепо, при што загинаа осум лица, додека 17 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Функционери на Цивилната заштита во Алепо за АА потврдија дека нападот го изведоа авиони на сириската војска.
Истакнаа дека воздушните напади изведени на населените подрачја во местата Хрејтан, Анадан, Кафр Хамр и Хајан која се ноаѓаат под контрола на опозицијата.
Потврдија дека во нападите загинаа осум цивили, додека 17 лица се ранети. На спомнатото подрачје причинета е голема материјална штета.