Yeşim Sert Karaaslan
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку 28 припадници на терористичката организација ДАЕШ загинаа во артилериски напади на турските вооружени сили кои синоќа ги гаѓаа упориштата на организацијата во северниот сириски Алепо, јавува Anadolu Agency(AA).
Генералштабот на турската армија соопшти дека турските артилериски сили вчера и синоќа од пограничниот појас гаѓаа 58 терористички цели во северниот дел на Алепо.
Терористичките позиции, откриени преку извидувачки летови на беспилотни летала, беа цел на артилериски напади во кои сите зададаени мети се целосно уништени.
Според првичните информации, во нападите на турските сили неутрализирани се најмалку 28 терористи и уништени се две возила полни со експлозив. Возилата, најверојатно, биле подготвени за извршување терористички напади.
И во саботните напади на турската артилерија неутрализирани се најмалку 40 припадници на терористичката организација ДАЕШ долж северниот пограничен појас на Сирија.
Неименуван воен извор за АА рече дека артилериските единици на турските вооружени сили и воздухопловните сили на коалицијата предводена од САД во саботата интензивно биле гаѓани позиции контролирани од ДАЕШ, кои во северниот дел на Сирија. Истиот извор истакна дека во тие напади загинале најмалку 40 терористи и уништени се четири ракетни фрлачи „Катјуша”, две воени возила и два магацини за оружје и муниција.
Терористите на ДАЕШ контролираат неколку градови по должината на северната граница со Сирија, а од средината на јануари од позициите на терористите паднаа десетици артилериски гранати на јужните погранични градови во Турција, претежно во Килис.