Tutku Şenen
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турските воени извори денес соопштија дека вкупно 40 терористи на ДАЕШ се убиени во северна Сирија, за време на операцијата од страна на турските вооружени сили и водечката коалиција на САД вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
Анонимни турски безбедносни извори изјавија дека артилерискиот оган и воздушните операции уништиле четири лансирачи на проектили Катјуша, две оклопни возила и две складишта со муниција во сопственост на ДАЕШ.
Изворите не ја определија точната локација на операцијата.
Уште од средината на месец јануари, проектилите на ДАЕШ се насочени кон градовите во јужна Турција, во близина на сириската граница.
Вкупно 21 лице загина, вклучувајќи и пребегани Сиријци во Турција, а над 70 лица беа ранети.