свет

Границата Турција - Молдавија ќе се поминува со лична карта

Амбасадорот на Турција во Кишињев, Ѓурол Сокменсуер, истакна дека од утре границата меѓу Турција и Молдавија ќе се поминува со лична карта.

Dmitri Chirciu  | 18.02.2019 - Обновена : 19.02.2019
Границата Турција - Молдавија ќе се поминува со лична карта

Kişinev

КИШИЊЕВ (АА) - Амбасадорот на Турција во Кишињев, Ѓурол Сокменсуер, истакна дека од утре границата меѓу Турција и Молдавија ќе се поминува со лична карта, јавува Anadolu Agency (AA).

Амбасадорот Сокменсуер во разговор за AA говороеше за односите на Турција и Молдавија.

Сокменсуер изјави дека според договорот потпишан помеѓу двете земји, кој треба да се спроведе од 19 февруари 2019 година, граѓаните кои имаат нови лични карти со чипови, во рамките на секои 180 дена, под услов да не бидат надминати 90 дена, ќе можат да престојуваат во Молдавија без виза.

Сокменсуер, потсетувајќи дека договорот е потпишан за време на посетата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на Молдавија на 17 октомври 2018 година, истакна: „Договорот е резултат на пријателските односи и стратешкото партнерство меѓу Турција и Молдавија.“

Тој, исто така, изјави дека Турција е најомилена туристичка дестинација на граѓаните на Молдавија.

„Минатата година, 35 отсто од туристите на Молдавија, поточно 80.000 лица, заминаа за Турција. Знаеме дека 20.000 турски туристи дојдоа во Молдавија. На овој начин верувам дека бројот на туристи ќе се зголеми многу повеќе“, рече Сокменсуер, нагласувајќи дека поминувањето на границата со лични карти ќе обезбеди погодности за граѓаните.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.