Jeyhun Aliyev
19 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
КАИРО (АА) - Во експлозија во Каиро, главниот град на Египет, која се случи во вечерните часови во понеделникот, кога едно лице се разнесе во близина на џамијата Ал-Азхар, страдаа неколку жртви, јавија локалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Најмалку двајца полицајци загинаа, а двајца беа ранети во нападот, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.
Експлозијата се случи откако полицијата го опколи осомничениот.