Emre Gürkan Abay
18 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
МОСКВА (АА) – Сергеј Чемезов, главен извршен директор (CEO) на руската компанија за одбранбена индустрија Ростек („Rоstеc“), истакна дека до крајот на месецот ќе биде потпишан договорот за почеток на производство на калашникови во Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Чемезов одговараше на новинарски прашања на 14-тиот Меѓународен саем за одбрана IDEX и конференција, што се одржува во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати.
Чемезов, изјавувајќи дека преговорите за производство на калашников во Саудиска Арабија продолжуваат, рече: „Договорот со Саудиска Арабија ќе биде потпишан до крајот на месецот. Саудијците сакаат 90 отсто од производството да биде локално, а ние сакаме тој процент да биде помал.“
Чемезов, посочувајќи дека во тек е изградбата на фабриката за производство на калашникови во Венецуела, нагласи: „Изградбата на фабриката ќе заврши до крајот на годината. Еден дел од договорот со Венецуела е со заем, а другиот со готовинско плаќање.“
Во една неодамнешна изјава од компанијата „Ростек“ беше соопштено дека покрај регионот на Блискиот Исток, и со Бразил се водат разговори за тоа во кои области може да се соработува.
Калашников е дизајниран од страна на Михаил Калашников во 1947 година. Познато како најчесто користено лесно автоматско оружје во светот.