Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
18 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
ИДЛИБ (AA) - Во боомбашките напади изведени во центарот на Идлиб, во Сирија, загинаа 13 цивили, а 50 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Два последователни напади изведени во улицата Кусур, во центарот на градот, активирани се експлозивни направи поставени на две возила.
Директорот на Цивилна заштита Хај Јусуф соопшти дека бројот на страданите е зголемен на 13.
„Во серијата напади загинаа 13 цивили, а ранети се 50", рече Јусуф.
Претходно соопшти дека како последица на детонацијата е причинета материјална штета во поблиските објекти.
Меѓу ранетите се четири новинари кои биле присилени да избегаат од Источна Гута.