Elena Teslova
06 Септември 2021•Ажурирај: 07 Септември 2021
МОСКВА
Русија денес побара „итно ослободување“ на претседателот на Гвинеја, повикувајќи ги страните да ги решат разликите преку дијалог, јавува Агенција Анадолија (АА).
Руското Министерство за надворешни работи во соопштението рече дека Москва се противи на „секој обид за антиуставна промена на власта“.
Претседателот на Гвинеја, Алфа Конде, вчера беше приведен од страна на војниците предводени од армискиот полковник, кои го објавија потегот на државната телевизија.
„Бараме ослободување на Алфа Конде и обезбедување на неговиот имунитет. Сметаме дека е неопходно што е можно поскоро да се врати ситуацијата во Гвинеја на уставниот тек. Ги повикуваме сите политички сили во Гвинеја да се воздржат од дејствија што можат да предизвикаат понатамошно насилство и да работиме кон мирно решавање на моменталната ситуација преку преговори“, се вели во руското соопштение.
Исто така, беше објавено дека посетата на министерот за надворешни работи на Гвинеја, Ибрахима Калил Каба, во Москва, закажана за 7 септември, била откажана поради ситуацијата во оваа западноафриканска земја.
Конде, кој беше на власт повеќе од една деценија, беше приведен од војниците предводени од полковникот Мамади Думбуја, кој го обвини претседателот дека ја персонализирал политиката и дека не прави доволно за да ги подобри економските и социјалните услови на земјата.
Овој потег беше оспорен од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој остро го осуди „секое преземање на Владата со сила на пиштолот“ и повика на „итно ослободување“ на претседателот Алфа Конде.