Merve Aydoğan
18 Октомври 2018•Ажурирај: 19 Октомври 2018
КОМРАТ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес за време на неговата посета на главниот молдавски град, Комрат, ги пофали односите меѓу молдавскиот народ и Гагаузите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неговото обраќање на Гагаузите, Ердоган изјави: „Ние решително ќе продолжиме да бидеме вистински пријател на Молдавците и Гагаузите“.
Ердоган ја нарече Молдавија „соседна земја“ на Турција и покрај нејзината географска положба.
Турскиот претседател престојува во дводневна официјална посета на Молдавија, каде што се состана со молдавскиот претседател Игор Додон и премиерот Павел Филип.
Тој, исто така, се состана и со претседателката на Автономната територијална единица на Гагаузија, Ирина Влах.