Ali Cura
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
КИШИНЕВ (АА) - На претседателските избори во Молдавија победи проруски ориентираниот лидер на социјалистите, Игор Додон, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Централната изборна комисија на Молдавија, во вториот круг од претседателските избори во Молдавија, на гласање излегле 1.601.305 лица, што претставува излезност од 57,27 отсто.
Според резултатите добиени од отворените 99,47 отсто од гласачките кутии, според неофицијалните резултати, победник е лидерот на социјалистите, Игор Додон.
Освојувајќи 52,57 отсто од гласовите, Игор Додон зад себе ја остави својата прозападно ориентирана противничка, поранешната министерка за образование Маја Санду, со 47,43 отсто освоени гласови.
По 1996 година, Додон е првиот претседател на Молдавија кој е избран со директно гласање на народот. Од 2000 година досега постоеше закон според кој претседателот го бираше Парламентот. Оваа година, Уставниот суд го поништи овој закон и се врати кон стариот систем на избори.
Игор Додон (41) досега во својата кариера ги извршуваше функциите министер за економија и трговија, беше вицепремиер. Тој ја започна својата политичка кариера како член на Комунистичката партија. Откако ја загуби трката за лидер на партијата, премина во редовите на Социјалистичката партија. Додон од 2011 година е лидер на Социјалистичката партија, и на парламентарните избори во 2014 година, со слоганот „Заедно со Русија“, Социјалистичката партија ја направи победник со освоени 20,51 отсто.
За Додон се знае дека е проруски ориентиран и дека ги организира акциите против владата. Тој во својата предизборна кампања се залагаше за вредностите на Словенците, нормализација на односите со Словенија и вети дека ќе ѝ се даде здив на економијата во Молдавија.
- Додон ја прогласи својата победа -
На полноќ, пред да бидат објавени официјалните резултати од изборите, Игор Додон одржа прес-конферениција и ја прогласи својата победа.
Лидерот на социјалистите Додон изјави дека освоил повеќе од 50 отсто од гласовите и им се заблагодари на избирачите за укажаната доверба. „Ветувам дека ќе бидам претседател на сите државјани на Молдавија. На мојот политички противник му честитам за добрата предизборна кампања. Но ја повикувам да остане смирена. Нема потреба од омраза во општеството“, изјави Додон.
Покрај тоа, Додон истакна дека е подготвен да се состане со страната на Санду за да се донесе заедничка одлука како ќе делуваат понатаму, додавајќи дека нема потреба од поделба на народот.