İhvan Radoykov
13 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
СОФИЈА (АА) - Граѓаните на Бугарија денес гласаат за избор на претседател на државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Бугарија, каде што за првпат гласањето е задолжително, 6. 834.278 регистрирани гласачи ќе можат да гласаат во 12. 418 центри во земјата и 325 центри во 71 други земји. Во рамките на овие избори во Турција отворени се 35 гласачки места.
Кандидатот на најголемата опозициска партија, Бугарската социјалистичка партија, поранештниот командант на Воздушните сили, Румен Радев, во првиот круг зеде 25,44 отсто од гласовите, а кандидатката на владејачката партија Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), истовремено и претседател на парламентот, Цецка Цачева, зеде 21,96 отсто од гласовите и успеаја да поминат во вториот изборен круг.
Централната изборна комисија на Бугарија изјави дека процесот на гласање започна нормално и дека ќе заврши во 20.00 часот по локално време. Освен имињата на двата кандидати, гласачите имаат можност да ја изберат опцијата „не поддржувам никого“.
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, претходно изјави дека доколу кандидатот на ГЕРБ, Цецка Цачева не успее да победи на изборите за претседател на земјата, владата ќе даде оставка.